Свечена академија во Лесковац по повод 21 година од Националниот совет и 10 години настава по македонски јазик
- 15 Decembar, 2025
- 5 months ago
Во Лесковачкиот културен центар одржана е Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината.
Свеченоста се одржа во присуство на бројни претставници на институции од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои заменичката министерка за европски прашања Викторија Трајков, заменик министерот за администрација Лазе Јакимоски, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, амбасадорот на Република Македонија во Србија Никола Тупанчески, советникот на министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, началникит на Јаблсничкиот округ Милош Ќириќ, директорката на Институтот за македонски јазик д-р Елена Јованова Грујовска со бројна делегација од институтот, претставници на македонските здруженија во Србија и многу други.
Свечената академија беше збогатена со културно-уметничка програма подготвена од наставниците кои ја изведуваат наставата по македонски јазик со елементи на национална култура, а во програмата учествуваа повеќе од 50 ученици кои го учат овој изборен предмет во четири основни училишта во Лесковац и околината.
фото, извор: НСМНМ
Najnovije vesti
U Alibunaru 17. juna Sajam zapošljavanja
- 13 Jun, 2026
- 39 minutes from now
Četvrti Oldtajmer skup okupio ljubitelje starih automobila
- 13 Jun, 2026
- 9 minutes from now
ANS najoštrije osuđuje brutalne pretnje Gorana Ješića televiziji Arena Sport.
- 13 Jun, 2026
- 34 minuta ranije
Istorijski kik-boks meč Miloša Cvjetićanina očekuje se večeras oko 22.30 časova
- 13 Jun, 2026
- 2 sati ranije
