Детска ликовна колонија по 18-ти пат во Јабука
- 31 Jul, 2025
- 10 months ago
Во Домот на културата ,,Кочо Рацин" во Јабука започна традиционалната Детска ликовна колонија, која годинава по 18-ти пат обединува мали уметници од Јабука, Панчево, Долово и Белград.
Особена радост претставува учеството на ученици кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на националната култура во Војводина, што ја потврдува поврзаноста помеѓу културата, уметноста и образованието.
Изложбата со детските дела ќе биде отворена на 1 август, а на 2 август, во рамки на централната прослава на Илинден, истата ќе ја посетат и официјалните гости на манифестацијата.
Организатори на колонијата се Домот на културата – Јабука и Националниот совет на македонското национално малцинство, под покровителство на Град Панчево и Покраинскиот секретаријат за култура и информирање.
фото, извор: НСМНМ
Najnovije vesti
Predsednik Vučić: Susret sa Gerapetritisom još jedna potvrda istinskog prijateljstva Srbije i Grčke
- 13 Jun, 2026
- 48 minuta ranije
Mali posetio polaznike Akademije mladih lidera: Strateški osnažujemo mlade kadrove
- 13 Jun, 2026
- 53 minuta ranije
U Alibunaru 17. juna Sajam zapošljavanja
- 13 Jun, 2026
- 1 hour ago
Najuspešnijim učenicima iz Banata dodeljene nagrade u Idvoru
- 13 Jun, 2026
- 1 hour ago
