RTV Pančevo.

RTV Pančevo.

Radio Televizija Pančevo je preduzeće koje je registrovano za emitovanje televizijskog i radijskog programa. Radio Pančevo je počelo da radi u aprilu 1980. godine, TV Pančevo u decembru 1992. godine, dok je internet stranica RTV Pančevo prvi put postavljena 21. decembra 2009. godine.

Во КИЦ Белград отворена изложбата „Откритија“

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше отворена изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонските ликовни уметници, чии дела се чуваат во приватни белградски колекции.

На отворањето беа претставени 14 оригинални дела од македонски автори, меѓу кои и дела на најзначајните основоположници на македонската ликовна уметност, од приватната колекција на г. Игор Станковиќ. Овие  ремек-дела, ретко или никогаш изложувани во нашата матична држава, претставуваат вистинско културно откритие за стручната и пошироката јавност.

Иницијатор и домаќин на настанот беше директорот на КИЦ, Васко Шутаров, а свеченото отворање го збогати присуството на министерот за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков.

Свеченото отворање претставува почеток на нова платформа за промоција и афирмација на македонската ликовна уметност во Србија, преку приказ на скриените бисери од приватните колекции.