Свечено отворени "Денови на македонската култура" во Ниш
- 19 Septembar, 2025
- 8 months ago
По повод 8-ми септември денот кога Македонија се стекна со независност, самостојност и сувереност, Македонското здружение “Вардар„ од Ниш веќе дванаесети пат по ред организира “Денови на македонската култура".
Манифестацијата е свечено отворена на 2-ри септермври во галеријата на “Нишкиот Културен Центар„ во 18 часот, пред голем број граѓани и членови на здружението а во присуство на претставниците од градската управа, локалната самоуправа, образованието и многубројните здруженија со кои соработува Вардар – Ниш.
После интонирањето на македонската и српската химна, свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на здружението Вардар Благе Петрушевски, во кое ги запозна гостите со значењето на 8-ми септември за македонскиот народ, како и програмата на овогодишната манифестација која се одвива во текот на месец септември. После свеченото отварање присутните имаа можност да го проследат отварањето на изложбата на познатиот македонски уметник, сликарот Гоце Божурски од Куманово, кој се претстави со триесетина свои дела на кои ги прикажа своите реалистички видувања и емоции во однос на светот кој го опкружува.
фото, извор: макинфо.рс
Najnovije vesti
Fudbaleri BiH i Kanade remizirali u Torontu na startu Mundijala
- 12 Jun, 2026
- 1 hour ago
Košarkaš Dubaija Mfiondu Kabengele MVP finalne serije ABA lige
- 12 Jun, 2026
- 1 hour ago
Košarkaši Dubaija pobedili Partizan za prvu titulu šampiona ABA lige
- 12 Jun, 2026
- 1 hour ago
Slađana Drezgić imenovana za selektorku vaterpolistkinja Srbije
- 12 Jun, 2026
- 2 sati ranije
