RTV Pančevo.

RTV Pančevo.

Radio Televizija Pančevo je preduzeće koje je registrovano za emitovanje televizijskog i radijskog programa. Radio Pančevo je počelo da radi u aprilu 1980. godine, TV Pančevo u decembru 1992. godine, dok je internet stranica RTV Pančevo prvi put postavljena 21. decembra 2009. godine.

Свечена академија во Лесковац по повод 21 година од Националниот совет и 10 години настава по македонски јазик

Во Лесковачкиот културен центар одржана е Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината.

Свеченоста се одржа во присуство на бројни претставници на институции од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои заменичката министерка за европски прашања Викторија Трајков, заменик министерот за администрација Лазе Јакимоски, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, амбасадорот на Република Македонија во Србија Никола Тупанчески, советникот на министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, началникит на Јаблсничкиот округ Милош Ќириќ,  директорката на Институтот за македонски јазик д-р Елена Јованова Грујовска со бројна делегација од институтот, претставници на македонските здруженија во Србија и многу други.

Свечената академија беше збогатена со културно-уметничка програма подготвена од наставниците кои ја изведуваат наставата по македонски јазик со елементи на национална култура, а во програмата учествуваа повеќе од 50 ученици кои го учат овој изборен предмет во четири основни училишта во Лесковац и околината.

фото, извор: НСМНМ