Честит 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ
- 11 Oktobar, 2025
- 11 months ago
foto: pixabay
Република Македонија денеска го одбележува Денот на антифашистичкото востание на кое македонскиот народ се кренал пред 78 години.
Организираното востание против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата почнало со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.
Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.
Единаесетти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застанала на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.
Македонскиот народ самостојно се изборил за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг, како корпуси и дивизии.
За време на окупацијата од Македонија биле интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеле врз цивилното население, земјата претрпела и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.
Македонски убавини - 3 Октомври 2025.
Najnovije vesti
Vučić: Vodio sam srpsku politiku i tako će biti i u budućnosti
- 02 Oktobar, 2026
- 3 hours from now
Održan okrugli sto omladine Srpske napredne stranke u Pančevu
- 02 Oktobar, 2026
- 2 hours from now
Nemaju nikakav plan, a vodili bi državu: Blokaderi još jednom pokazali da su im bitne samo fotelje
- 02 Oktobar, 2026
- 1 hour from now
Trojica srpskih boksera sutra u ringu, prvog takmičarskog dana juniorskog EP u Budvi
- 02 Oktobar, 2026
- 24 minuta ranije
